Home » Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки)

Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки)

by Media24
199 views 4 minutes read

Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е сончево – со кои грешки самите си ја зголемувате појавата на брчки?

Промените на кожата кои доаѓаат со возраста, како брчки, се сосема нормални.

Но, многумина прават грешки со кои несвесно си предизвикуваат рана појава на брчки и, генерално, си ја уништуваат кожата.

Дел од најчестите грешки во продолжение:

Не ја менувате рутината за нега на кожа во зависност од сезоната

Поради временските услови, нашата кожа има различни потреби во зависност од сезоната.

banner

На пример, во зима е посува, па треба да обрнете повеќе внимание на хидратација.

Во лето повеќе се потиме, па треба да изберете полесни продукти кои ѝ дозволуваат на кожата да дише.

Користите крем со фактор само кога е сончево

Кремот со фактор е задолжителен, без разлика дали е лето или зима, сончево или облачно.

Штетните УВ зраци можат да продрат и низ облаците, па важно е да ја заштитите кожата.

Со редовното користење крем со фактор ќе ја намалите појавата на брчки, но и драстично ќе го намалите ризикот од рак на кожата.

Јадете еднолична храна

Потрудете се да јадете разновидна храна за да ги внесете сите хранливи материи што му се потребни на телото.

Ако, на пример, секој ден за појадок јадете овес, а не правите многу промени и во ручекот и вечерта, можно е да се јави дефицит на одредени хранливи материи.

Ова, пак, може да резултира со проблеми со кожата.

Денот го почнувате со кафе

Нема ништо лошо во тоа да пиете кафе наутро, но никако не го пијте пред појадокот.

Кафето предизвикува блага дехидратација, а веднаш по спиење нашето тело е веќе дехидрирано.

Па, ако го почнувате денот само со кафе, дехидратацијата ќе почне да се одразува на вашата кожа, најмногу во форма на брчки.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-si-ja-unishtuvate-kozhata-i-ja-zgolemuvate-pojavata-na-brchki-05_copy.jpg

Се туширате многу долго

На сите ни е тешко да се натераме да излеземе од под туш, но предолгото туширање е штетно за кожата. Особено ако користите многу топла вода.

Долгото туширање може да ја исуши кожата и да ја отстрани нејзината природна заштита.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-si-ja-unishtuvate-kozhata-i-ja-zgolemuvate-pojavata-na-brchki-06_copy.jpg

Јадете многу црвено месо

Јадењето премногу црвено место може да има влијание врз производството на колаген.

Ова, пак, има влијание врз кожата, односно да ја намали нејзината еластичност, па и да предизвика рана појава на брчки.

@2023 – All Right Reserved. Developed by Media24.News