Home » Ќе барате уште една порција: Вкусни ролнички од пилешки стек, полнети со кашкавал

Ќе барате уште една порција: Вкусни ролнички од пилешки стек, полнети со кашкавал

by Media24
147 views 2 minutes read

Немате идеја што да подготвите за ручек? Овој брз специјалитет ќе ги освои сите. Подгответе се за вкусно пилешко месо, надополнето со кашкавал што се тегне…

Како да подготвите вкусни ролнички од пилешки стек полнети со кашкавал и зачини?

Подготовката е мошне едноставна, а на сите ќе им се допадне овој рецепт, што можете да го подготвите како ручек, или како мезе ако ви доаѓаат гости.

Потребни состојки:

  • 500g пилешки стек;
  • 1 лажичка сол;
  • 1 лажичка црн бибер;
  • 150g рендан кашкавал;
  • ½ морков ситно изрендан;
  • Ситно исечкан магдонос (по вкус);
  • 150g павлака;
  • 2 лажици маслиново масло;

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
  • Стекот се сече на тенки филети, кои се прекриваат со фолија и со чекан за месо се истенчуваат;
  • Филетите се посолуваат и им се додава по малку црн бибер;
  • Во длабок сад се мешаат 100g рендан кашкавал, морковот и магдоносот и им се додава 100g павлака, па се меша додека сите состојки да се соединат;
  • Со лажица се зема по малку од смесата со кашкавал и на секое парче стек се става на средината, па се разнесува рамномерно;
  • Парчињата стек се виткаат во ролнички и се ставаат во плех за печење, премачкан со маслиново масло;
  • Секоја ролничка се премачкува со малку павлака, па ѝ се става по малку рендан кашкавал;
  • Се пече во рерна на температура од 180 степени, 10 минути, односно додека ролничките да добијат златно кафеава боја.

You may also like

@2023 – All Right Reserved. Developed by Media24.News