Home » Ќе ви станат омилени: Чоколадни Орео мафини што не се печат

Ќе ви станат омилени: Чоколадни Орео мафини што не се печат

by Media24
194 views 3 minutes read

Лесни за подготовка, вкусни и неодоливи… Чоколадни чизкејк мафини што само треба да ги оладите.

Овој рецепт за мафини ќе ви стане омилен затоа што не треба да внимавате да не ги изгорите, а дополнително ќе ви бидат и мошне лесни за сервирање.

Потребни состојки:

  • 200g Орео бисквити;
  • 45g путер (стопен);
  • 280g крем сирење (на собна температура);
  • 65g шеќер;
  • 210g павлака;
  • 1 мала лажица екстракт од ванила;
  • ¼ лажичка сол;
  • 110g чоколада за готвење;
  • Масло за готвење.

Начин на подготовка:

  • Измелете го Орео колачињата во процесор за храна или во ќесе со сукало, па ставете ги во длабок сад  и додадете го стопениот путер;
  • Измешајте ги трошките и путерот додека да добиете изедначена смеса;
  • Земете плех за 12 мафини и обложете ги со корпи, па секоја од корпите премачкајте ги со малку масло за јадење;
  • Со лажица ставете на дното од смесата со трошки и путер и притиснете ја со лажицата за да формирате кора;
  • Чоколадата за готвење стопете ја во микробранова печка или на пареа, па оставете ја да се олади;
  • Во длабок сад ставете го крем сирењето и матете со миксер на најмалата брзина додека да добиете кремаста смеса;
  • Додадете шеќер, павлака, ванила и малку сол, па изматете ги сите состојки добро;
  • Додадете го стопеното чоколадо и промешајте ги сите состојки, па филот распоредете го во калапите за мафини;
  • Оставете ги мафините да се оладат во ладилник најмалку 4 часа или преку ноќ.

You may also like

@2023 – All Right Reserved. Developed by Media24.News