Претседателот на државава Стево Пендаровски вечерва во дебатниот магазин ја спомена и свадбата на синот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

На прашање на модераторот за тоа дали Мијалков и екс премиерот и бегалец Никола Груевски ќе влијаат врз пратениците, Пендаровски вели дека Мијалков е тука и доколку сакал да влијае, можел.

„Мијалков е тука, ако тој сакаше да влијае врз пратениците, тој можеше. Додека ја служи затворската казна, направи најголема свадба во регионот. Тоа се шпекулации, или во врска на Кривичниот законик од штабот на дезинформации од палатата на ВМРО-ДПМНЕ за Груевски да се врати. Сега велат дека се очекува некаква одлука на Врховниот суд за навистина да се врати“, порача Стево Пендаровски.

You Might Also Like