Home » Деновиве дожд, па потоа повторно високи температури и невообичаено топло време – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Деновиве дожд, па потоа повторно високи температури и невообичаено топло време – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

by Media24
252 views 2 minutes read

До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Утре попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.

Прогноза за 26.10.2023 Минимална температура: 7°C до 14°C Максимална температура: 20°C до 25°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 27.10.2023 Минимална температура: 6°C до 13°C Максимална температура: 20°C до 27°C

Променливо облачно со сончеви периоди со услови за појава на локален дожд во западните делови. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 28.10.2023 Минимална температура: 6°C до 14°C Максимална температура: 21°C до 27°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

You may also like

@2023 – All Right Reserved. Developed by Media24.News