Home » Дознајте дали сте во врска или брак со прељубник

Дознајте дали сте во врска или брак со прељубник

by Media24
261 views 2 minutes read

Ако сте во врска или во брак со некој од овие три хороскопски знаци, се надеваме дека знаете како да простите неверство.

Се разбира дека и помеѓу овие хороскопски знаци има верни и лојални, но тие се исклучоци.

Овие три хороскопски знаци се сметаат за најголемите прељубници во зодијакот.

Близнаците не планираат прељуба, но го прават тоа „додека кажете кекс“. Ако се сомневаат во верноста на саканата личност, тие простуваат, бидејќи и самите не се многу подобри.

banner

На близнаците мажи, прељубата едноставно им се случува и ако нивната партнерка дознае за тоа, тој ќе ве убедува дека „не е така како што изгледа“. Тие не се злопамтило, живеат во сегашноста и мотото им е „земи се што ти дава животот“.

Стрелците неверени се по природа, дури и кога се обидуваат да бидат лојални, едноставно ќе им се намести ситуација и нема да можат да одолеат на предизвикот на љубовта. Бидејќи обично имаат барем по неколку значителни врски и ако останат во еден брак, нема да бидат верни, освен ако не се оженат на четириесет години.

За разлика од жените стрелец кои ја претпочитаат суровата вистината, повеќе од најслатката лага (и затоа тие не простуваат неверство), мажите родени во овој знак неверството на партнерката знаат како да го простат, бидејќи се свесни дека тоа и го заслужиле некако.

Водолијата сака да им држи лекции на другите за морал додека самите ги кршат правилата, бидејки на кого ќе му направат задоволство, ако не – на самите себе. Ги импонира тоа што имаат репутација на заводник во друштвото, но гледајки ги нивните сопствени интереси не забележуват дека тоа и пречи на личноста со која се во емотивна врска.

Иако неверен, мажот водолија инсистира на искреност и тешко простува, затоа што тој не може да верува дека на неговата партнерка некој друг би можел да и биде поинтересен од него. Поради тоа што ги отфрлаат сите оние лојални, водолијата обично завршува до жена, која ќе биде сè друго, само не – верна.

You may also like

@2023 – All Right Reserved. Developed by Media24.News