Куп на Македонија: Вардар елиминиран, пресврт на Работнички, 11-ка на Брегалница!

Македонија Ѓорче Петров го елиминираше Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија.

Натпреварот Македонија Ѓорче Петров и Вардар го играа на стадиот во Маџари, а гостите од Ѓорче отпорот на црвено-црните го скршија во 63. минута. Гачевски во таа ситуација одбрани еден удар на ривалите, а топката се одби кај Алити Алији кој ја погоди мрежата.

Во завршницата Вардар се обиде да се врати, но немаше сили за такво нешто.

Работнички во еден возбудлив натпревар ја елиминираше Шкендија. Со голто на Влатко Стојановски дебармаалци поведоа уште во деветата минута, но Шкендија до крајот на паузата направи пресврт со головите на Цаке и Елези (1:2).

Во вториот дел Работнички со два гола на Гандо и Мазари обезбеди следна фаза.

 Најубедливата победа во овие осминафинални натпревари ја забележа Брегалница која го совлада Јанг Тим од Струга со 11:0. Уште на полувремето штипскиот тим водеше со 6:0.

Шкупи лесно се справи со Охрид и славеше со 4:0, Силекс се пласираше во четвртфиналето со триумф од 3:2 против Башкими, а Тиквеш со голот на Даниел Мојсов го победи Пелистер во Битола.

Преку изведеување на пенали до победа дојде Брера против Гостивар и Воска против Струга. Двете средби во регуларниот дел завршија без голови.

Leave comment

Your email address will not be published. Required fields are marked with *.