Барселона го победи Шахтјор, Феенорд сигурен против Лацио

Феенорд и Барселона со победи ја отворија вечерашната програма од третото коло во Лигата на шампионите.

Феенорд, во Е групата, со доминантна партија го победи Лацио со 3:1. Блескаше Мексиканецот Хименез. Тој го постигана првиот гол во 31.минута, а супериорната игра во првиот дел домашниот тим ја заклучи со голот на Зерути во 45+2.минута.

Победата на Феенорд ја потврди Хименез во 73.минута, а десет минути подоцна Педро го постави конечниот резултат.

Феенорд сега има шест бода, Атлетико и Лацио по четири, а Селтик е без освоен бод. Подцна својот меч од третата рунда ќе го одиграат Селтик и Атлетико Мадрид.

Барселона, слично како Феенорд, доминираше против Шахтјор во првиот дел, но во вториот успеа да ја одбрани победата.

Торес во 28. и Лопез во 36.минута погодија за Барселона. Стрелец за Шахтјор беше Судаков во 62.минута.

Подоцна колото во Х групата ќе го затворат Антверп и Порто.

Foto/ EPA

Leave comment

Your email address will not be published. Required fields are marked with *.