Да видиш да не веруваш: Мегваер постигна гол, Онана одбрани пенал во 97. минута за триумф на Јунајтед! (ВИДЕО)

„Ѓаволите“ загубија на првите два натпревари, па вечерва против Копенхаген мораа да победат за да ги задржат шансите за нок-аут фаза во Лигата на шампиони.

Избраниците на Тен Хаг иако важеа за големи фаворити, тешко стигнаа до трите бода и тоа со помош на Хари Мегваер и Андре Онана, кои не се многу омилени и трпат критики поради слабите партии.

Дефанзивецот се најде на право место во 72. минута и центаршутот на Ериксен го претвори во водство од 1-0.

За трите бода да останат на Олд Трафорд се погрижи Андре Онана, кој во 97. минута го одбрани ударот на Џордан Ларсон од белата точка, откако Мектоминеј стартуваше несмасно и направи пенал.

Елиф Елмас и Наполи славеа со 0-1 на гостувањето кај Унион Берлин, Македонецот шанса доби на стартот од второто полувреме.

Со истот резултат Реал Сосиедад славеше кај Бенфика, а до гостински победи стигнаа и Реал Мадрид против Брага, и Арсенал против Севиља, на двата меча беше 1-2.

Победник денеска немаше само на натпреварот помеѓу Ленс и ПСВ, кој заврши со 1-1.

Leave comment

Your email address will not be published. Required fields are marked with *.