Моника Белучи и Тим Бартон прв пат заедно се појавија на црвениот тепих

Двојката се појави на 18-тото издание на Римскиот филмски фестивал држејќи се за рака. Бартон ја поддржа Моника кога таа го претстави нејзиниот филм Diabolik chi sei? во Рим.

Тие се во врска една година. Се запознале пред 16 години, но медиумите пишуваат дека почнале да се забавуваат откако се сретнале на филмскиот фестивал Лумиер во Лион во октомври 2022 година. Моника беше почесен гостин на фестивалот, каде на 64-годишниот режисер му врачи награда за животно дело.

“Никогаш во целиот мој живот не сум почувствувал толку многу љубов како вечерва. Добре дојдовте на најдобриот погреб што сум го имал”, изјави Тим Бартон по примањето на наградата. Тие седеа заедно на доделувањето, а исто така се вели дека подоцна биле видени заедно на проекцијата на немиот филм на Луј Лумиер од 1895 година.

После тоа, тие беа снимени како страсно се бакнуваат на сред улица, а Моника и тогаш го држеше Тим за рака.

58-годишната Белучи за прв пат проговори за врската со режисерот Тим ​​Бартон (64) во интервју за магазинот Elle France. “Мило ми е што го запознав. Тоа беше една од оние средби кои ретко се случуваат. Го сакам Тим и го почитувам”, откри тогаш познатата актерка.

Актерката се раздели од уметникот Николас Лефевр во 2019 година. Таа претходно беше во брак со Винсент Касел од 1997 до 2013 година. Тим беше во врска со актерката Хелена Бонам Картер (56) 13 години, но тие се разделија во 2014 година.

Leave comment

Your email address will not be published. Required fields are marked with *.